Од 14-ти до 17-ти април 2016 година Охрид ќе биде домаќин на „IV-от Конгрес на лекарите по општа и семејна медицина на Република Македонија со меѓународно учество“.
Дел од темите за кои ќе се дискутира на овој научен собир се: „Превенција и менаџмент на хроничните и незаразни заболувања“, „Ментално здравје и терапија“, „Реформи во ПЗЗ и што носат тие за семeјниот лекар“, „Предности и недостатоци на електронското здравство“, „Палијативно згрижување“ и за слични теми.
Организатор на конгресот е Здружението на лекарите по општа медицина-семејна медицина на Република Македонија. Здружението е формирано во 1947 година и е член на Македонското лекарско друштво. Здружението редовно организира стручни состаноци, конгреси, симпозиуми, работилници, акредитирани од Лекарска комора на Македонија како форма на континуирана медицинска едукација и професионален развој.
OhridNews