Охрид во понеделник ќе биде домаќин на централната свеченост по повод повод 18 Август – Денот на АРМ.  Според најавите прославата ќе се одржи во Центарот за обука на вода со почеток во 17 часот.

На свеченоста ќе присуствуваат: Претседателот на Република Македонија и Врховен командант Ѓорге Иванов, Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, Вице Премиерот на Владата на Република Македонија Зоран Ставрески, Министерот за одбрана д-р Зоран Јолевски, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, министри во Владата на Република Македонија, пратеници во Собранието на Република Македонија, поранешни министри за одбрана, началници на ГШ на АРМ,  пензионирани генерали на АРМ, високи гости од повеќе институции во Република Македонија, амбасадорите и воените аташеа акредитирани во Република Македонија и други високи гости.

Според протоколот на свеченоста, со пригоден говор на присутните ќе им се обратат Претседателот на Република Македонија и Министерот за одбрана.

OhridNews