
– Уште при посетата на Јапонија при врачувањето на спомнатата награда во Фондацијата на филозофот Икеда, на градоначалникот Петрески му беше предочена идејата на домаќините да донираат 100 млади садници јапонска црешна како нивна желба да придонесат за јакнење на пријателството меѓу Јапонија и Македонија. Јапонските црешни кои во таа земја се на рамниште на национален симбол, ќе бидат засадени во Охрид со што ќе бидеме редок град во Европа, ако не и единствен, кој ќе може да се пофали со авении украсени со ова егзотично дрво со прекрасни цветови- истакнува Зоран Велјаноски ЛЕТРА, од управата на Академијата на светскиот хуманизам и човекот кој ги одржува контактите со донаторите од Јапонија.
Донацијата во млади садници, вредна околу 20 илјади евра, ќе биде доставена во Охрид во текот на октомври, а по неколку месечното третирање на садниците заради адаптација на климата и почвата, ќе бидат засадени на почетокот на идната пролет, информираат од локалната самоуправа.












