На први јули, датумот кога Франција го презема претседателството со ЕУ,  во Охрид свечено ќе биде отворен фестивалот на францускиот филм. На отворањето во античкиот театар предвидена е ексклузивната проекција на еден од најуспешните француски филмови последниве години филмот “Живот во розово”од Оливие Дан. Филмот е посветен на легендарната шансониерка Едит Пјаф. Филмот освои 29 награди меѓу кои и два Оскара. Ексклузивен гостин  на фестивалот се очекува да биде легендата на францускиот и на светскиот филм Клод Лелуш, кој треба да дојде со својот најнов филм”Џебен роман”. Како признание на  Лелуш во Охрид ќе му биде врачена “Златна маска”.

Отворањето и затворањето на фестивалот ќе биде на Античкиот тетар, додека останатите проекции ќе се одржат во Центарот за култура “Григор Прличев”. Фестивалот ќе има натпреварувачки карактер. Во жирито меѓу другите се и македонскиот режисер Антонио Митриќески и  актерката Лабина Митеска, а во текот на фестивалот во Охрид се очекува доаѓањето на голем број критичари, режисери и сценаристи од Франција, Европа и Балканот.

ohridnews