– Предвидено е целосно да се преуреди овој дел од градот каде секојдневно се рекреираат голем број охриѓани, но и гости кои престојуваат во Охрид. Ќе биде изградена нова пешачка патека, ќе се постават нови клупи, осветлување, статички велосипеди и со тоа просторот ќе добие сосема нов и модерен изглед, велат од локалната самоуправа.
Просторот ќе биде и хортикултурно уреден при што се планира да бидат засадени дрва, тревни површини, а предвидени се и неколку нови парковски решенија .