Како што потенцира раководителот на секторот за урбанизам при локалната самоуправа, Бранко Арнаудоски, за да се стави предлог одлуката за овој простор пред советниците, претходел долг период договори со министерството за транспорт и врски и министерството за животна средина, по што била добиена согласност од надлежните министерства.
Во рамки на комплексот е предвиден стадион со капацитет од 25. 000 гледачи, покриена спортска сала, една помошна спортска сала, два базени од кои едниот ќе биде покриен и еден на отворено, помошни спортски терени за голем фудбал, за мал фудбал, кошарка, тенис, одбојка, како и еден објкет кој во зимски период ќе се користи како лизгалиште, а во летниот како игралиште за хокеј на трева.
Во комплексот е предвиден и паркинг простор кој ќе го опслужува целиот комплекс, кој ќе се протега на голема површина под нивото на теренот и над првиот кат, а на приземниот кат ќе има содржини поврзани со спортските активности .