Јавното претпријатие „Градски пазар“ годинава на неколку локации во општината, во летниот период, ќе отвори мини пазари на кои ќе се продава зеленчук и овошје.

Предвидено е да бидат поставени од 10 до 30 тезги во местата во кои за време на туристичката сезона се сместуваат најголем број гости, како што се Пештани, Далјан, населбата Охридати, вели директорот на јавното претпријатие, Тони Коталески.

Коталески информира дека во текот на оваа година предвидено е на влезот во пазарот од страна на градскиот чинар, да се постави и Цветен пазар.

Како што потенцира директорот, целта е да се промени непријатната слика и гостите при посетата на пазарот да бидат дочекани со разновидна понуда на цветни аранжмани. Тезгите на кои се продава бижутерија ќе бидат дислоцирани.

Т.К.