Покрај Охрид и Струга, како аранжмани, гостите од земјите на Бенелукс кои се очекува ова лето да бидат најбројни на ривиерата, ќе имаат можност да посетат повеќе градови кои се дел од кружната тура што ја нудат тур-операторот „Корендон“ и нејзиниот македонски партнер „Фибула ер Травел“. Тие имаат изготвено понуда за пакет-аранжмани со кружни тури низ Македонија, со повеќедневен престој и посета на сите позначајни културни и природни атракции во земјата. Така покрај Охрид и Струга, во рамки на престојот во Македонија туристите ќе имаат можност да ги посетат уште и Кавадарци, Неготино, Струмица, Штип, Скопје и Вевчани.
За промоција на Македонија како туристичка дестинација, „Корендон“ досега инвестирал околу 500 илјади евра. Според последните информации, холандскиот тур-оператор има продадено над шест илјади или 80 отсто од закупените аранжмани за Охрид и Струга. Доколку се исполнат очекувањата „Корендон“ уште во јуни би можел да го продолжи договорот за закуп на аранжмани на охридско – струшката ривиера за 2012 година.
Охридскиот регион како светско културно и природно наследство има исклучителна универзална вредност за нас, порача министерот за транспорт Александар Николоски од Париз На средба во седиштето на УН...
Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), во соработка со УНЕСКО го распишаа конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“ 2026 за најдобра дебитантска книга од млад автор Ко...
Под насловот „Осмели се, инспирирај, промени – политичкиот интегритет низ очите на младите“ платформата за одржлив развој „Лице в лице“ утре во Струга во просториите на Europe House во Струга ќе о...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.