Во понеделник, на Денот на Свети Кирил и Методиј, со почеток во 10.30 часот, пред споменикот на солунските браќа во градскиот парк, ќе се одржи пригодна програма. Меѓу другото, ќе се прочита и ученички есеј за значењето на делото на Св. Кирил и Методиј. Претставници од Општина Охрид, училиштата и образовните институции од градот, разни асоцијации и институции, здруженија на граѓани и дипломатски претставништва, ќе положат свежо цвеќе пред споменикот во градскиот парк.
Свеченоста по повод одбележувањето на Денот на словенските просветители ќе продолжи на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ каде, во 11 часот, ќе започне културно забавна програма со учество на ученици од охридските училишта. Предвидено е градоначалникот Александар Петрески , на 50-тина ученици од охридските основни и средни училишта кои во текот на оваа учебна година освоиле меѓународни и државни признанија и награди, да им врачи пригодни подароци.