Е-шалтер е новата интернет апликација која Агенцијата за катастар на недвижности ја воведе за потребите на нотарите и другите професионални услуги од катастарот.

Со апликацијата Е-шалтер која се отвора преку интернет страницата  www.katastar.gov.mk, во делот за професионални корисници се овозможува испраќање на барање за податоци и пријави за промени, како и добивање на потребните податоци по електронски пат.
Со имплементирањето на Е-шалтерот се намалуваат трошоците за граѓаните, се скратува времето за завршување на една трансакција, се намалуваат пријавите на шалтер до 40 отсто, пријавите и барањата се испраќаат од својата канцеларија, а доставата на бараните податоци и потврди се врши по електронски пат.

Преку Е-шалтерот професионалните корисниции граѓаните, како крајни корисници на услугите ќе можат да  ја реализираат саканата трансакција со недвижностите и истата да ја евидентираат во јавната книга на брз, ефикасен и сигурен начин, без лично да се појават на шалтерот на Агенцијата за катастар на недвижности.

Засега, Е-шалтерот е достапна секаде каде што е воведен електронски катастар, односно во Скопје, Неготино и Кавадарци, следува воведување во Кратово, Пробиштип, Свети Николе, Крива Паланка и Куманово. До крајот на 2011 година Е-катастар ќе биде имплементиран низ целата територија на Македонија.

OhridNews