Охрид треба уште многу да работи на развојот на зимскиот туризам сметаат во Асоцијацијата на хотелиерите-ХОТАМ. Оттаму велат дека проектот “Галичица“ не е заборавен и дека сеуште е клуч на идниот развој на зимскиот туризам. Иако овој проект се најавува со децении, сеуште нема ниту една конкретна понуда за изградба на зимски туристички центар на Галичица. Меѓу спомнуваните беа инвеститори од Германија, Австрија, Германија и Финска.


Галичица сеуште чека инвеститори

Вториот адут на хотелиерите е верскиот празнник Водици. Намерите се   централното одбележување на празникот да биде во Охрид, а манифестацијата да прерасне во туристичка атракција. За таа цел хотелиерите  оваа година најавија попуст и до 40% на аранжманите за Водици, со што се очекува да се привлечат поголем број гости во Охрид.


Водици во Охрид

Околу 10.000 луѓе годиниве наназад присуствуваат на фрлањето на чесниот крст во водите на Охридското Езеро, а целта на туристичките работници е со привлекување на гостите од другите градови во земјава и од околните држави тој број двојно да се зголеми.