Како што е тешко да се средат за еден ден сите пријатни доживувања при една содржајна посета меѓу пријатели – вљубеници во Охрид и Македонија, така е тешко да се искаже се она што беше доживеано како восхит од убавините и пораките што таму беа пренесени од  градот на Климента и библиската Македонија, а да не се премине во прераскажување.
   
Ова е резимираниот одговор на уметничкиот фотограф Зоран Велјаноски ЛЕТРА по неговото враќање од Порто каде, во состав на делегацијата на Охридската Академија на Хуманизмот, учествуваше  во свеченостите што беа организирани во овој, светски познат, португалски пристанишен град по повод врачувањето на СВЕТСКАТА НАГРАДА НА ХУМАНИЗМОТ на годинешниот добитник Мануел де Оливеира. Како што и е веке познато на јавноста, Наградата беше врачена од страна на делегацијата во која беа и Амбасадорот Јордан Плевнеш и светски познатиот баритон Борис Трајанов, на посебна свеченост организирана во Палатата-Замок „Селарвеш“, стара околу шест векови, во присуство на истакнати личности на португалскиот јавен, културен и политички живот. Настанот наиде на извонреден одѕив и кај тамошните медиуми, што е претставува дополнителна афирмација на Охрид и Македонија. Добитникот на Наградата, Де Оливеира, беше вистински промотор на Охрид
и Македонија. За цело време на престојот, тој ги изнесуваше пред
присутните своите впечатоци од престојот во Охрид вели Велјаноски.


Она што останува како неизбришлива трага за целиот настан во Порто сврзано со врачувањето на наградата, секако е и  отворањето на изложбата уметнички фотографии под наслов „Охрид и Преспа-трезорот на Македонија“, беседата на Плевнеш, обраќањето на уметникот и амбасадор на мирот Трајанов, поздравното писмо од градоначалникот на Охрид Александар Петрески до лауреатот Де Оливеира,  поздравната телеграма од португалскиот Министер за култура  и редица други настани кои беа проследени и од почесниот конзул на Р.Македонија во Портигалија, Педро Кудел, вели Велјаниоски.  Стекнавме големи пријатели и наши почитувачи, а Охрид долго ќе се памети – додава Велјаноски.


Охрид ќе се памети во Порто

  

ohridnews