Стручни екипи на “Паркови и зеленило” утре ќе излезат на терен со цел лоцирање на приватните куќи, културно-научни установи и угостителски објекти кои ќе бидат опфатени со проектот “Охрид-град на цвеќето 2012 год.”.

Целта на овој проект, е што поголем број на приватни и правни објекти хортикултурно да бидат уредени со цветни аранжмани на терасите и убаво уредени дворови, кои ќе го привлечат љупобитното око на туристите, кои оваа година ги има во голем број, а овие цветни разгледници ќе го промовираат Охрид во најразлични краеви од светот, инфортмираат од „Комуналец“.

Во рамки на акцијата ќе се доделат околу 350 жардиниери со сезонско цвеќе, а на граѓаните ќе им се помага и со стручни совети за што поубаво хортикултурно уредување на дворовите и терасите. Објектите кои ќе бидат опфатени со акцијата се наоѓаат на фреквентни улици кои се посетувани од страна на туристите.

OhridNews