Општина Охрид наскоро ќе го донесе Акциониот план за управување со бучава во животната средина. Изработката на акциониот план кој е дел годишната програма за заштита на животната средина и природата на Општината е во тек и се очекува да биде готов до почетокот на летото.

Овој план треба да ја утврди стратегијата и насоките за управување со бучавата во општина Охрид, која претставува проблем особено во текот на главнта туристичка сезона, на што постојано има реакции од граѓаните.

Покрај овој акционен план, во годишната програма за заштита на животната средина и природата предвидени се уште 11 други проекти, за што од општинскиот буџет ќе бидат издвоени средства во висина од 3,3 милиони денари.

Меѓу другото предвидена е заштита и уредување на локалитетот Дувало – сулфатара во Косел, регистрирање на гнездата на лебедите и нивна заштита, разубавување на централното градско подрачје со цветни балкони и други.

Ohridnews