
Ќе се украсуваат булеварите “Македонски Просветители“ и “Туристичка“ кејот “Маршал Тито“ до пресекот со улицата “Јане Сандански“, парковите и двата плоштади во центарот. Новина годинава ќе биде тоа што старата чаршија ќе биде украсена со „ѕвездено небо“ вели Ѓурчев кој најави дека Охрид ќе светне во новогодишно руво до крајот на наредната недела.
Финансиската конструкција е затворена, но општината очекува со спонзорства во украсувањето на градот да се вклучат хотелиерите и дуќанџиите. Единствена дилема засега е каде да се постави новогодишната елка, на плоштадот или во паркот во центарот на градот.











