Амбасадорот на Полска во Македонија  Карол Бахура , на Градоначалникот Александар Петрески, вчера  му го предаде писмото со согласност на Градоначалникот на Краков Јацек Мајхровски за збратимување на двата града.

На средбата беше изразено заедичко задоволство од идејата за збратимување, бидејќи Охрид и Краков се познати културно- историски центри и не случајно се под заштита на УНЕСКО. Соработката, како што беше речено, ќе почне со  посети на делегации од двата града и потпишување на документи за збратимување.
 
– Охрид е центарот на сесловенската писменост и култура и има многу заедничко со  Краков , најголемиот културен центар на Поска. Она што за македонците е Охрид , за пољаците тоа е Краков- рече полскиот амбасадор Карол Бахура.

– Збратимувањето на Охрид со Краков, еден од најубавите градови во светот е посебен предизвик за нас.Имеме многу заедничко во минатото ,а ќе направиме многу и во иднина- истакна Градоначалникот Александар Петрески.
 
Потпишувањето на документот за збратимување, во Краков најверојатно ќе се случи на 1 јули годинава, кога Полска го презема претседателството со ЕУ, а во Охрид во месец август, во рамките на одбележувањето на летниот ден на Св. Климент Охридски, информираат од локалната самоурава.

OhridNews