Општина Охрид наскоро треба да започне постапка за збратимување со градот Воден од Грција. Ова е заклучокот на средбата помеѓу градоначалниците на двата града, која се одржа денеска во Охрид.
Освен за продлабочување на соработката меѓу двата града, во рамки на состанокот, градоначалникот Александар Петрески и градоначалникот на Воден, Димитри Јано, разговарале и изработка на заеднички проекти , кој би се финансирале од фондовите на Европската Унија.
При тоа било договорено наскоро да се започне со заеднички проекти во областа на екологијата , а првиот проект да биде поврзан со заштитата од поплави.