Општината Охрид и регионот Пуља, Италија, ќе воспостават соработка во економијата, туризмот и заштитата на животната средина. Ова беше договорено на средбата помеѓу претставници на локалната самоуправа и регионот Пуља. Италијанската делегација во која имаше и повеќе бизнисмени ја предводеше претседателот на регионот Пуља, Ники Вендола, кој во Македонија престојува на покана претседателот на државата Бранко Црвенковски.

„Ни беше особено задоволство да имаме еден долг и конструктивен разговор со претседателот на Македонија и градоначалникот на Охрид“ изјави Вендола по заедничкиот ручек. „Ја акцентиравме заложбата на регионот Пуља и при италијанската влада, но и пред авторитетите на европската унија односно нашето лобирање за проширување на Европската Унија со земјите од Балканот, пред се` Македонија“ додаде Ники Вендола, п-тел на Пуља.


Вендола и Црвенковски по заедничкиот ручек


Петрески и италијанската делегација од Пуља

Како што истакна по средбата градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, на есен во Бари ќе се сретнат претставници на бизнис заедницата на Охрид и Пуља, при што ќе бидат договорени детали за натамошната соработка.

Претседателот на регионот Пуља, Република Италија, Ники Вендола, по средбата со претсавниците на општината ги разгледа  културно историските обележја на градот. Италијаните биле воодушевени од убавините на Охрид кој според нив има голем туристички потенцијал.

Г. Момироски
С. Костоски