Голема акција за чистење на Охрид и околината ќе биде спроведена утре по повод Денот на екологијата 21. март. Во акцијата што ја организарира ЈП „Охридски Комуналец“ во соработка со локалната самоуправа и средните и основни училишта ќе бидат опфатени повеќе локации во градот. Ќе се чистат плажите од Свети Стефан до Пештани, боровата шума во стариот дел на градот и Самоиловата тврдина, делот од реката Грашница до Даљан, каналот Студенчишта и Билjанините извори, информираше денеска директорот на „Комуналец“ Боро Павлоски.
Охрид ќе светне по повод денот на екологијата
Во акцијата ќе бидат вклучени околу 1000 ученици кои ќе бидат организирани од вработените во Комуналец на повеќе пунктови. Исто така во соработка со Македонија пат ќе се чисти и дел од патот на влезот во Охрид до клучката. Павлоски најави дека во наредниот период се планира уште една акција за чистење на магистралниот пат Охрид – Св. Наум од отпад, а ќе се чисти i просторот од селото Љубаништа до реката Черава.
Големата еколошка акција започнува утре во 8 часот, а во неа можат да учествуваат и граѓаните на Охрид, велат организаторите.

Во акцијата по повод денот на екологијата ќе се вклучат и новинарите кои ќе засадат повеќе дрвца во зелениот појас од патниот правец Охрид- Св. Стефан.
ohridnews













