Екипата на Охрид Лоте не отпатува во Битола да ги одмери силите со лидерот на табелата Пелистер. Мечот првично беше закажан за в сабота, но поради дефект на автобусот охриѓани не стигнаа на време да го одиграат.


Според правилата на Фудбалската Федерација на Македонија, натпреварот Пелистер – Охрид Лоте ќе биде регистриран со службени 3-0 за домаќините.

Во останатиот натпревар од 26-та рунда Локомотива со 2-1 славеше над Победа Јуниор. “Градежниците“ во 27- коло  на домашен терен го пречекуваат Влазерими.

Мх.П.