Трите победи во низа ги подгреаа надежите во Охрид Лоте за опстанок во втората лига, во 8-то коло “градежниците“ се пред сериозен испит гостувајќи кај аспирантот за висок пласман Тиквеш кој нема победа во последните две рунди а на последното гостување беше убедливо поразен од Треска со 3-0.


–    Не очекува многу тешко гостување, играме со квалитетен противник кој има високи амбиции пласман во првата македонска фудбалска лига. Ние како и на секој натпревар па и овој ќе одиме да се надигруваме па што “биде нека биде“. Ќе бидеме задоволни ако од Кавадарци се вратиме непоразени  – потенцираше дефанзивецот Јакупи.


По одиграни седум рунди Охрид Лоте се наоѓа на 11-то место на табелата со девет бодови додека “лозарите“ со 13 бодови ја делат првата позиција со Скопје, Пелистер и Миравци.

Мечот во Кавадарци ќе го води Боби Величков а помошници ќе му бидат Трајче Николов и Милош Милошевиќ.

Mх.П.