Бројот на новозаразени, според дневните статистики на Министерството за здравство се намалува, но висока е бројката на починати од вирусот. Најпогодени, според надлежните институции, се невакцинираните граѓани, поради што продолжуваат апелите за што помасовна имунизација.
Како што информираше веб страницата ourworldindata.org., според бројот на смртни случаи, минатата седмица во Европа прва е С Македонија со 96 починати лица, што е четврто место во светот. По С Македонија се Бугарија, БиХ и Косово, а Србија се наоѓа на 27. место во светот.

Од активните 13.052 ковид случаи, најмногу, 5.833 се во Скопје. Над илјада активни случаи има во Тетово, а со висока бројка се и Куманово – 914, како и Охрид – 668, Струга – 638, Гостивар – 530, Струмица – 518,…
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 186 914, на оздравени пациенти е 167 402, а на починати е 6.460.
OhridNews











