Австралискиот печат го смести Охрид меѓу седумте топ дестинации за 2012, пренесува on line медиумот„news.com“. Угледниот „Sunday Telegraph“ им ги препорача на читателите Охрид заедно со знаменитетите градови во североисточна Америка, Лестото, Таџикистан, Сан Франциско,  Порто – Португалија и Јапонија.


Во сторијата објавена во рубриката „патувања“, Охрид топло им се препорачува на австралиските туристи поради евтините аранжамни и исклучителното природно и културно богатство.

„Секогаш постои трка за следното големо нешто во Европа, а Македонија со пристапните цени е се популарна заради нејзините планински пејзажи, лозовите насади, езера и византиски цркви, а исто така таа е и централна станица низ Балканските патувања. После главниот град Скопје, духовната престолнина е на три часа пат кон запад во Охрид, прекрасен град со средновековна тврдина, опкружен со цркви по стрмните улици покрај брегот на Охридското Езеро. Приватни соби лесно се наоѓаат за цена од 10 евра или помалку, додека сместувањето во полуксузните вили  чини помалку од 50 евра. Автобуски превоз има од место до место покрај езерскиот брег. Може да се посети Националниот парк Галичица, да пешачите, да веслате или да се испробате во водните спортови…“ – пишува  за Охрид „Sunday Telegraph“, пренесува „news.com“.

OhridNews