Според еден од најпознатите интернет туристички водичи – Лонли планет, Охрид се најде на осмото место како топ дестинација за 2012 која вреди да се посети. Македонскиот туристички бисер се најде на листата заедно со предложените Њу Јорк, Бостон, Јапонија, Порто- Португалија, Токио, Перу.

„Европјаните константно се во потрага по следната хит дестинација, а Македонија, од ден на ден добива на популарност, особено поради прекрасните планински лозја, езерата и црквите од византискиот период, а и поради причината што е место кое мора да го посетите доколку го шетате Балканот. Далеку од бучната престолнина Скопје, духовното срце на оваа земја се наоѓа на само три часа возење, во градот Охрид. Прекрасен град со средновековна тврдина која надвиснала над ридчето преполно со цркви и стрмни сокаци и богатиот езерски брег. Лесно можете да најдете приватно сместување за 10 евра по соба, па дури и помалку, додека во екслузивните историски вили, ноќевањето со доручек ќе ве чини помалку од 50 евра. Автобуските линии собраќаат вдолж брегот на езерото, а ќе ве однесат до Националниот парк Галичица каде можете да уживате во прошетките, да уживате во возењето чамец или да најдете место за бањање.“ – се наведува во текстот на најновото издание на Лонли Планет.

OhridNews