Ракометарите на Охрид во фантастична атмосфера пред околу петстотини гледачи ја забележаа првата победа во новиот шампионат совладувајќи го Младост со 28-23 (10-9).
Натпреварот во поголемиот дел беше изедначен а “белите“ се одлепија во последниот квартал од мечот. Трифуноски со 11 гола го предводеше тимот до победата, Николоски постигна 9, Поп Стефанија 4, Андоноски 2 додека Бабачев и Ангелоски по еднаш ја затресоа мрежата на гостите.
– Победата дојде како плод на тимската игра. Споро почнавме, се играше гол за гол, а потоа “тргна возот“. Покасно ги започнавме подготовките нашата кондиција не е на некое завидно ниво, но со тек на време ќе го надополниме и тој дефицит – рече капитенот и најдобриот стрелец на мечот, Трифуноски.
Одличен ден имаа голманите Пецаков и Китевски кои заедно искомбинираа 22 одбрани. – Презадоволи сме што успеавме со триумф да ја израдуваме домашната публика. Се надеавме дека во исти стил ке продолжиме понатаму и дека ќе прераснеме во стабилен прволигашки тим. Огромна благодарност до навивачката група “рибари“ и сите оние охриѓани кои попладнево дојдоа да не бодрат – рече Пецаков.
Во наредното коло, охриѓани гостуваат во Скопје, кај РК Ѓорче Петров.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com