Охрид на 11-ти септември ќе биде домаќин на ракометниот Суперкуп во организација на ГРК Охрид и Ракометната федерација на Македонија.
Во спортска сала „Билјанини Iзвори“ шампионот на минатогодишното првенство, екипата на РК Вардар 1961, ќе се сретне со финалистот од Купот на Македонија 2022, тимот на РК Еурофарм Пелистер од Битола.
Натпреварот ќе се одигра со почеток од 20:00 часот.
OhridNews












