На покана на Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација, претставници на општина Охрид присуствуваа на конференцијата посветена на транспарентност на единиците на локална самоуправа и нивната отчетност пред граѓаните.

Претставникот на општина Охрид, Лидија Апостолоска пред присутните на конференцијата го поздрави ваквото истражување и истакна дека ваквите резултати од истражувањето се стимул повеќе да се пристапи кон подобрување и усовршување на развојните техники за  транспарентност на локалната самоуправа зашто тоа е предуслов за развој на демократското општество кон кое сите се стремиме.


На конференцијата беше презентирана и публикацијата „Истражување на транспарентноста и отчетноста на единиците на локалната самоуправа во Република Македонија“. Во рамките на овој проект и систематското теренско истражување, кое тимот на Форум – Центарот за стратегиски истражувања го спроведе во сите 84 општини во државата и во градот Скопје, Охрид беше рангиран на четвртото место во однос на транспарентноста и отчетноста пред граѓаните.

OhridNews