Охрид се најде на листата на најисплатливи дестинации за одмор во 2012 година, што ги препорачуваат тимовите од светски познатите медиуми “Лонли планет”, “Нешанл џиографик” и “Фокс њуз”.

Познатите светски медиуми и туристички водичи во пописот на најпосакувани места,  го предлагаат Охрид како град каде што освен места  што вреди да се видат има и посебни поволности, во поглед на цените, услугата и квалитетот.

Од туристичките атракции во земјите од регионот “Лонли планет” го истакна Охрид како прекрасен средновековен град на брегот Охридското Езеро. Освен убавинтие на Охрид, најпознатиот туристички водич ја зголемува популарноста на нашата земја и со добро познатите полиња на винова лоза, планински предели и старите цркви изградени во византиски стил.

Освен Охрид, во листата на местата кои што треба да се посетат догодина, светските туристичи портали ги препорачуваат и Исланд, Коста Брава, Полска и Грција.

OhridNews