Во рамки на активностите на Секторот за туризам и локален економски развој, Охрид оваа година ќе аплицира за место на престижната Меѓународна Организација, Квалити Кост ( Quality coast).

Quality Coast е интернационална програма за доделување сертификати за одржлив туристички развој на познати светски дестинации. Од страна на оваа реномирана институција од 2007 година, 125 туристички дестинации ( крајбежни градови, летувалишта и острови) од 25 земји се добитници на престижното признание Quality Coast award.

– Оваа година, на Охрид му е овозможено без финасиска контрибуција, како исклучително атрактивна туристичка дестинација да учестуваа во конкуренција за оваа награда. Со тоа Охрид ќе добие уште едно признание како призната и позната туристичка дестинација, велат од локалната самоуправа.

OhridNews