На плажата пред хотелот „Горица“ во Охрид, утре, ќе биде поставено Бело знаме, како симбол на еколошки третирано крајбрежје. Поставувањето на белото знаме значи дека тој дел од Охридското Езеро се одржува само од нуркачи без употреба на механизација.

Настанот го организира глобалното здружение за подигање на свеста за подводниот свет (Global Underwater Awareness Association), а на свеченоста ќе присуствува претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, кому претставници на глобалното движење ќе му го предадат белото знаме.

Инаку, Бело знеме за прв пат е поставено во Монако, Франција, а во регионот слични манифестации се одржани во Словенија, Хрватска и БиХ.

Глобалното здружение за подигање на свеста за подводниот свет е непрофитна организација основана во Норвешка, која има за цел подигање на свеста кај луѓето за загадувањето на водите. Асоцијацијата е формирана од Кристијан Цуравиќ, кој утре ќе присуствува на свеченоста во Охрид. Светски амбасадор на ова еколошко движење е познатиот актер Арман Асанте, а амбасадор во Република Македонија е музичкиот уметник Влатко Стефановски.

OhridNews