Три генерации Коганови – во љубов со Охрид и „Охридско лето“: “Немам поголема желба од таа, еден ден, и четвртата генерација Коганови да бидат неразделно сврзани со Охрид и македонското, а светско – „Охридско лето“, вели маестро Павел Коган, во интервју на Веле Митаноски за “Утрински весник”.
Една седмица во Охрид, се одмараа синот и ќерката на Леонид Коган, едно од најславните виолинистички имиња во светот. Семејството Коганови ги полни батериите за есенската набиена агенда. Синот – Павел Коган, диригент и виолинист, ќерката Нина Коган – пијанистка и внукот, Даниел – виолинист на 21 година. Најстариот – Павел Коган, вели дека Охрид го одбрал како место каде ќе ги наполни батериите, пред напорната есенска сезона, која за нив е од особено значење. Сезоната ќе ја започне со турнеја во САД, со неговиот состав – Московскиот државен синфониски оркестар, кој го ракводи четврт век и е еден е од најпознатите во Европа и светот. Во САД, временски, ќе се совпадне и таму ќе почне одбележувањето на 90 годишнината од рагањето на татко му, Леонид Коган. Покрај американското, ќе има и серуско чествување во Москва, потоа во Италија, Велика Британија и Јапонија. Коганови се подготвени и би сакале, на таа светска мапа, да се најде и Охрид, односно неговото „Охридско лето“. Со тоа и Република Македонија и македонската културна јавност, ќе бидат дел од тоа мундијално одбележување, на еден од најславните музичари – инструменталисти во светската цивилизација.
– “Секогаш му се радуваше на доагањeто, на секоја нова средба со Охрид, со лугето, со атмосферата овде. Имаше прекрасни спомени и желби, да се врати повторно и повторно овде”, вели Нина Коган, која за прв пат била тука со татка си, во 1967 година.
Кога се разговара со музичките и биолошки потомци на Леонид Коган, заедно со спомените кон него, неодминливо е чувството дека сте на некој начин, едновремено со три генерации од едно од најславните музички семејства во светот. Воедно, тоа е единствен, уникатен случај и кога е во прашање учестовото, односно настапите на “Охридско лето”.
– “Нашето присуство овде навистина е уникатно и по годините, речиси половина век, или точно – 46 години и по бројот на настапите, но и во генерациска смисла. Нашиот татко, Леонид Коган беше еден од првите, големи светски артисти, кои настапуваа на “Охридско лето” во времето кога тоа ги правеше првите чекори кон светската слава, кога се создаваше. Во Охрид водеше и музичка школа – Мастер клас за виолина. Неговиот придонес за овој фестивал е огромен. Немам поголема желба од таа, еден ден, и четвртата генерација Коганови дабидат неразделно сврзани со Охрид” и македонското, а светско – „Охридско лето”, вели маестро Павел Коган, во интервјуто на Веле Митаноски за “Утрински весник”.
OhridNews