На големиот верски празник Богојавление – Водици, Охрид и официјално ќе ја прими наградата  „Балканска престолнина на културниот туризам“.

Признанието на церемонијата што ќе се одржи во склоп на одбележувањето на празникот ќе им биде врачено на претставници на градот.

Престижното признание Охрид го доби на неодамна одржаниот Меѓународен саем за туризам во Нови Сад.

На доделување на наградата се очекува да присуствуваат претставници на Балканската асоција на хотелиерите, која беше иницијатор Охрид да го добие признаието „Балканска престолнина на културниот туризам“.

ОhridNews