Наградата која ја доделува Меѓународно жири на асоцијацијата „Сацен интернешнал“, на Општина Охрид ќе и биде врачена на манифестацијата Туристички оскар „Златно туристичко срце на Југоисточна Европа (ЈИЕ)“, што денеска ќе се одржи во Белград.
Според градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, оваа награда е уште една потврда на квалитетите што ги поседува најголемиот туристички центар во земјата и голема реклама за градот пред претстојната туристичка сезона.
Покрај признанието за гостопримство за Охрид, на манифестацијата во Белград ќе бидат доделени вкупно 18 награди од областа на туризмот.