Новите пропозиции кои ги наметна ФИФА ја укинуваат можноста Охрид да биде кандидат домаќаин на ЕП 2016 година за кое ФФМ поднесе кандитатура.


Понесени од лошите искуства кои ги имаа при организацијата на последниот континетален собир кој неодамна заврши во Хрватска, кога за градови домаќини беа одредени Загреб и Сплит, од ФИФА одлучија од наредниот  шампионат во 2014 година мечевите да се играат во еден град. Така за 2014 домаќин е одреден Антверпен, Белгија.

Во овој случај останува само главниот град Скопје да биде кандидат домаќин. Конкуренција македонската метропола ќе има во Белград, односно Софија.

М.П.