По повод 67-годинишнината од ослободувањето на Охрид, Центарот за култутрен проток „АРТерија“ во соработка со Центарот за култура „Григор Прличев“, утре вечер организира изложба на фотографии од Охрид „Низ окуларот на времето“.
Малку повозрасните, Владо Жура и фамилија Групче ќе ни го прикажат Охрид каков што ние не го знаеме.
За истата цел ќе биде претставен проектот на етнологот Оливера Мишева „Старата охридска чаршија и старите занаети некогаш и денес“- низ фотографии.
Изложбата ќе се одржи во 19 часот во галеријата на Ценатарот за култура.