Организирани групи од Грција, Бугарија, Србија и Албанија се очекува да престојуваат во Охрид за време на претстојниот Велигденски викенд.  Според охридските  туристички работници освен организираните групи, во нашиот најголем туристички центар, велигденските празници ќе ги поминат и голем број домашни туристи.


Приватните станоиздавачи, кои издаваат апармани и станови во Центарот на Охрид се задвоволни од досегашните најави и се надеваат дека Велигден ќе биде една добра најава за престојната туристичка сезона.

-Сите апартмани кои ги имам на располагање се веќе резервирани, претежно се работи за гости до Скопје, но ќе имам и една група на млади туристи од Србија. Ова е прв пат по толку години да има интерес за престој во Охрид, за време на Велигденските празници. Се надеваме дека доколку временските услови бидат поволни, ќе дојдат и голем број гости на еднодневна посета, вели еден охридски станоиздавач.

Од туристички агенции велат дека Велигденскиот  викенд никогаш не бил пример за тоа како ќе изгледа престојната туристичка сезона.


-Православните верници, Велигден  го  прославуваат претежно како семеен празник, па овој празничен викенд не е конечна најава за тоа колку ќе имаме туристи во текот на претстојната туристичка сезона. Поголем број на туристи секако дека ќе се очекуваат за време на првомајките празници, кои по традиција се празнуваат надвор од домовите, вели Олег Маленко, од Туристичката агенција ВИС ПОЈ.

 Хотелските  капацитети низ Охрид нудат сместување по цени од 2000 до 3000 денари за еднокреветна соба и од 3200 до 5200 за престој во двокреветна соба.  Во приватното сместување цените за изнајмување на апартман во центарот на градот се движат од 20 евра па нагоре, во зависност од нивната опременост.


Охриѓани дома за Велигден

Ни охриѓани не се многу заинтересирани за празнување на Велигденските празници надвор од дома.

Иако имаме голем број на понуди и пакет аранжмани за велигденскит праници интересот кај граѓаните е многу  мал. Но ова не е така само оваа година, ние и од претходните искуства занеме дека за Велигден нема голем интерес за ескурзии. Единствено имаме мал интере за велигденските тури на Грчкиот остров Крф, каде има интересна празнична понуда, велат од Туристичката агенција Елида Турс.

Од таму се надеваат дека охриѓани ќе покажат поголем интерес за првомајските патувања.

Е.М