Охрид летово очекува успешна туристичка сезона, а со оглед на најавите и резервациите по сместувачките капацитети, нашиот најголем туристички центар буквално ќе врие од странски туристи. Освен гостите од Холандија, кои ќе бидат со бројка од најмалку 14.000, се очекуваат и голем број на туристи од Бугарија, Грција, Србија, Албанија, Турција и Косово, а има најави за Балкански кружни тури со туристи од Италија, Германија, Финска, Јапонија, Австрија и Америка, кои во својата маршута го имаат и Охрид.
Надлежните за туризам при Охридската локална самоуправа очекуваат дека годинава Охрид ќе има поуспешно туристичко лето од лани.
– Согласно договорите кои веќе ги имаат направено туристичките агенции и согласно информациите кои ги добиваме од хотелите очекуваме одлична туристичка сезона и зголемен број на туристи. Само преку Фибула Травел и холандски Корендон се очекуваат 4 авиони со туристи неделно, кои заедно со чартер летовите на туроператорот ТУИ, ќе се достигне бројка од околу 50 чартер летови само од земјите од Бенелукс, вели Гоце Симоноски, раководител на Секторот за туризам и локален економски развој, при Општина Охрид.
Тој појаснува дека освен на туристичката мапа на холандските туристи, Охрид годинава е дел од туристичката мапа на уште неколку странски земји.
– Постојат дефинирани и најавени кружни балкански тури со странски туристи во кои е вклучена и Македонија односно Охрид. Во текот на овој месец веќе имавме неколку такви тури со туристи од Јапонија кои покрај посетата на Грција, Албанија, Црна Гора и Хрватска, престојуваа по два дена и во Охрид. Во текот на летото ќе има уште многу такви тури, не само од Јапонија туку и од други странски земји. Годинава за прв пат на охридската ривиера имаме зголемен број гости од Турција, кои се очекува да бидат бројни и во текот на летото, вели Симоноски.
Од Охридските туристички агенции кои исто така се задоволни со највите за зголемен број на гости, велат дека цените и годинава ќе бидат исти како и во изминатите сезони.
–Корекции на цените во надолна линија не може да има затоа што режиските трошоци на сместувачките капаците се големи и тоа за нив нема да биде економски оправдано. Покрај тоа цените на сите ресурси од ден на ден се повеќе растат, така што цените за сместување ќе останат исти и годинава. Треба да се напомене дека сместувачките капаците во Охрид имаат исти цени за сместување во текот на целата година, вели Олег Маленко, од охидската туристичка агенција Вис Пој.
Тој појасни дека не треба да настане недорзбирање во поглед на фактот дека дел од странските туроператори кои носат странски туристи добиваат екстра пониски цени од хотелите.
–Како и во останатите туристички центри и во Охрид се нудат поевтини цени за резервација на легла однапред. Значи не може да добие иста цена туроператор кој резервирал 5000 легла неколку месеци однапред и некои поединци кои дошле само на еден викенд во Охрид. Значи тука треба да се прави разлика затоа што оној кој однапред резервира, сноси и посебни ризици, вели Маленко.
Тој смета дека сите надлежни институции и сите туристички чинители во Охрид во наредниот период треба да се орентираат кон домашниот пазар, односно кон домашните туристи кои од лето во лето ги има се помалку на охридското крајбрежје.
Со цел непречено одвивање на предвидените активности пред отворањето на годинешниот фестивал „Охридско лето“, СВР Охрид денеска и утре, презема посебни безбедносни мерки Во делот на сообраќајот, на...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес изврши теренска посета на градилиштето за изградба на новата трансформаторска станица Охрид (ТС Охрид), дел од про...
На 1 јуни на сила стапи забраната за изведба на градежни работи на целиот потег од Билјанини Извори до реката Далјан што се наоѓа јужно од булеварот „Туристичка“ Граѓани реагираат дека забраната шт...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.