Во рамки на неколку дневната работна посета во Република Чешка, градоначалникот Никола Бакрачески го посети И скијачкиот центар Плесивец, сместен на чешко- германската граница, а кој го гради италијанска фирма .
На средбата со инвеститорите на чешкиот ски центар и со претставници на локалната самоуправа од градот Карлови Вари, градоначалникот Бакрачески беше запознаен со начините за реализација на оваа инвестиција.
Се разговараше и за можностите за пренесување искуства како и за чешката поддршка што Охрид може да ја очекува при наоѓање инвеститори за изградба на ски центарот Галичица.
Минатата недела проектот за изградба на скијачки центар на Галичица беше презентиран пред потенцијален инвеститор од Англија кој престојуваше во Охрид.
OhridNews