Сончево и многу топло време со мала локална облачност, ќе преовладува денеска во Охрид. Максималната дневна темпаратура ќе достигне до + 30 степени Целзиусови, а индексот на УВ зрачење ќе изнесува 8, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Според прогнозата, температурите наредните денови ќе бидат во пораст, а топлотниот бран ќе кулминира викендот кога живата во термометрите ќе се искачи до +38 степени.

OhridNews