На овој потег кој секојдневно е најпосетен од страна на гостите може да видите се и сешто. Од банџи, тезги на кои се продава бижутерија, шеќерна волна, играчки, реквизити, мерачи на ударот……неизбежен дел од сликата е и можноста за фотосесија со неколкуте змии.
Ветувањата од надлежните дека конечно ќе се сопре ваквиот хаос, кој повеќе од сигурно е дека не му наликува на градот под Самоиловите кули и под заштита на УНЕСКО, и оваа туристичка сезона паднаа во вода. Може да се забележи дека наместо состојбата да се поправи, хаосот уште повеќе се зголемува споредено со изминатите години.
И повторно имаме можност да чуеме бројни оправдувања и објаснувања од надлежните зошто е тоа така, но и понатаму останува впечатокот дека кај нив не постои желба и намера проблемот да се реши.