Охриѓани и гостите кои овие празнични денови се во Охрид и денес имаа можност да се забавуваат на градскиот плоштад, кога во периодот од 13 до 15 часот настапуваа познати музички имиња од Охрид со репертоар од охридски композиции, во склоп на организираната музичка програма од страна на општина Охрид.

Дека Охрид е посетен со туристи како домашни, така и од соседството говори и денешната раздвиженост која се забележува покрај во чаршијата и на градскиот кеј, како и низ цел Охрид. Топлото време, што и не е баш вообичаено за овој дел од годината, ги наполни и терасите на кафулињата, па се чини дека се бараше место плус.
Градот во Новата година облеан во сонце и исполнет со туристи
Евидентен е и сообраќајниот метеж, како и зголеменото присуство на сообраќајни службеници кои го регулираат истиот.
Метежот го регулира сообраќајната полиција
Утре на сцената на градскиот плоштад во рамки на дневната забава предвидена за на 2-ри јануари, во периодот од 13-15 часот ќе настапи „Ансамбл Билјана“ со специјална програма „Охрид Охрид убав мил“.
Н.С.Ј.
Видео: Кристијан К./Горан М.















