Утрово екстремно ниски температури во Охрид
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата, се одвива отежнато во зимски услови поради интензивни врнежи од снег и остатоци на коловоз, дополнително отежнување се и ниските температури поради кои има појава на голомразица. На планинските превои Стража и Маврово има забрана за тешки товарни возила. Поради врнежите од снег кои ја зафатија Македонија утринава со задоцнувања се одвиваат патниот, железничкиот и авиосообраќајот.
Нова снежна покривка во Охрид
Проблеми во одвивањето на сообраќајот има и во дебарско. Најголема опасност претставуваат одроните на патните правци Дебар – Маврови Анови и Дебар – Струга, кои како што информират од Центарот за управување со кризи во Охрид, редовно се чистат.
Екипа на „Комуналец“ во акција на калето
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, денес ќе има нови врнежи од снег, особено во јужните и источните подрачја. Утре ќе преовладува променливо облачно време со повремен снег во
западните делови. Во сабота се очекуваат пообилни врнежи од снег во
поголемиот дел од земјата. Поради ниските температури на места ќе има појава на голомразица.