Делегација на општината Александровац од Република Србија , предводена од претседателот Југослав Стајковац, денеска имаше  средба со градоначалникот Александар Петрески. На средбата , гостите , упатија  официјална покана Охрид да биде град партнер во организирањето на Саемот на виното во Александровац.

Саемот на виното ќе се одржи на 20 и 21 април  во Александровац , во чии рамки на 20 април е предвидено да се одржи посебна промотивна вечер посветена на Охрид. Локалната самоуправа , ќе ги покани сите винарии од Македонија да се презентираат на саемот на виното во Александровац , кој се вредува меѓу најголемите во регионот.

OhridNews