Генерацијата 1969-1973 година од рударско-геолошките и гимназиски паралелки од средното училиште во Пробиштип, викендов се собра во Охрид за да ја прослави 40-годишнината од матура.
Гимназијалците од Пробиштип минаа стотици километри за да бидат заедно со некогашните свои соученици. Емотивната средба, што ја организираше проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на „Адора Инженеринг“ се одржа покрај Билјанините извори.
Прославата на 40-годишнината иод матура почна со школски час на отворено, а продолжи во опуштена атмосфера со музика.
„Верувајте ми дека ноќеска не можев да спијам како кога ми беше првата матурска пред 40 години. Бев возбуден бидејќи ова се ретки моменти да се видиме со некои луѓе со кои едвај се познаваме и не се имаме видено со годни. Кога ќе погледнам назад пред 40 години и сега, покрај со по некоја брчка, подновени сме со искуство повеќе во животот, а годините за нас значат богатство.“ – изјави пробиштипјанецот Страшо Милошески.
Генерацијата 1969-1973 година од рударско-геолошките и гимназиски паралелки од средното училиште во Пробиштип, е една од најуспешните од ова училиште. Од неа се произлезени многу успешни стручњаци.
„Се собравме тука во Охрид, бидејќи овој град е балканскиот Ерусалим. Од 77 матуранти, денеска после 40 години не има 67. Градот е почестен затоа што доаѓа една златна генерација. Тоа се рудари и геолози кои 40 години придонесоа во истражувањето и екслотацијата на минералните суровини во РМ. Во оваа генерација има доктори, актери и јавни личности, со кои ние се гордееме. – истакна д-р Ванчо Чифлиганец.