Откако на првиот и вториот повик за јавно приватно партнерство за изградба на Градскиот пазар во Охрид не се пријави ниту една заинтересирана фирма, охридската локална самоуправа вчера преку Елекронскиот систем за јавни набавки објави нов оглас, преку кој се бара инвеститор за изградба на овој капитален објект.
Според постапка за воспоставување на јавно приватно парнерство, огласот се однесува за Изградба на административно деловно трговска зграда која вклучува изградба на затворен зелен пазар, чија инвестиција ќе чини над 3 милиони евра или точно 203.059.346,61 денари.
Критериум за доделување на договор за јавна набавка ќе биде најниската понудена цена, а при изборот на јавниот партнер ќе се користи електронска аукција.
Понудите за воспоставување на јавно-приватно партнерство ќе може да се доставуваат најдоцна до 26-ти јануари 2015 година до 13 часот, а јавното отворање на истите ќе се одржи во просториите на општина Охрид во истиот термин, кога ќе заврши предвидениот краен рок.
OhridNews