Oхрид подготвен за дочек на Новата година на градскиот плоштад
31.12.25 09:39
Охриѓани и гостите кои вечерва ќе се одлучат Новата 2026 година да ја дочекаат на градскиот плоштад ќе може да уживаат во богата програма која ја подготви Општина Охрид во рамки на „Охридска новогодишна приказна“.
Денската програмата започнува со детската театарска претстава „Ракавиците на Дедо Мраз“ во изведба на Детско драмско студио „Ден и нок“ со почеток во 12:30 часот. Во 14:00 часот ќе почне концертот на учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“ -„Златни 80-ти“, под ментроство на проф. Љупчо Аслимоски. Програмата ќе биде заокружена со настап на DJ Ace во 15:30 часот со што ќе започне и загревањето на атмосферата за дочекот на Градскиот плоштад.
Од 20 часот следува музички перформанс на DJ Yuxell, со кој официјално започнува вечерната новогодишна програма.
Охридскиот музички ас Ѓоко Танески ќе настапи од 21 часот, по него од 22:20 часот охридската фолк икона Ефто Пупиноски, како и македонската поп ѕвезда Влатко Лозановски од 23:45 часот. Забавата ќе продолжи и по полноќ со сетот на DJ Bagzi од 01:15 часот.
На 1-ви јануари на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ со почеток во 20:00 часот за забавата ќе се погрижат легендарната група „Меморија“ и музичкиот состав „Фузија“.
Мирен граѓански протест против фемицидите, родово базираното и семејното насилство е најавен за денес од 12 до 14 часот во Охрид Од „Охрид не молчит“ посочуваат дека целта е да се испрати јасна по...
Пред да го создаде материјалниот свет (земјата, небото, ѕвездите, човекот), Господ го создал духовниот свет-ангелите Тие се Господови гласници (ангел значи весник), ги пренесуваат божјите заповеди ...
Во раните утрински часови претежно во западните делови ќе има повремен дожд Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните дел...