В четврток на 23 мај со почеток од 10 часот во Охрид на Спортско рекреативниот центар “Билјанини Извори“  ќе се одржи “Грасрут“ настан, кој го организира Фудбалската федерација на Македонија, а главен покровител е Општината Охрид.


–  Се е подготвено за “Грасрут“ настанот, кој за прв пат ќе се одржи во Охрид.  На собирот очекуваме голема посетеност како што дечињата го прават на натпреварите од Детската фудбалска лига –
рече координаторот за југозападниот регион, Наум Јанкуловски.

На “главниот“ терен на “Билјанини Извори“ се очекува да продефилираат околу 130 дечиња, а за нив ќе следуваат многу изненадувања и дружење, а меѓу гостите ќе бидат селекторите од помладите категории.

Ohrid News