Охрид подготвен за стартот на Охридскиот пливачки маратон
13.08.11 14:35
22 натпреварувачи, 12 во машка и 10 во женска конкуренција ќе ги брануваат водите на Охридското Езеро на јубилејниот 25 маратон кој утре ќе се одржи на 30 км долгата патека “Климе Савин“. На утрешниот маратон ќе се појават минатогодишните победници во машка и женска конкуренција, Бугаринот Петар Стојчев и Хрватската маратонка Карла Ситиќ.
– Превземени се сите безбедносни мерки трката да биде организирана на највисоко ниво, сите потребни елементи, медицински тим, спасувачи се обезбедени и ние сме подготвени за старт на маратонот – рече Сашко Точко од ПК Охридски Бранови.
– Охридскиот маратон како традиционална манифестација е од особено значење за македонскиот спорт, а поготово што ова е и промоција на Охрид и Република Македонија. Очекувам од година во година оваа манифестација да напредува и на неа да учествуваат се поголем број натпреварувачи – истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт, Диме Спасов кој за наредната година најави зголемување на наградниот фонд.
Делегат на ФИНА за овогодинешната последна трка од Гран При серијата е Џон Вест. Тој не го криеше задоволството што е присутен во Охрид на овогодинешното јубилејно 25 издание.
– Ова е последна трка за оваа година и чест ми е што сум овде во Охрид. Последните три недели беа исцрпувачки бидејќи се одржаа три маратони во серија, јас сум тука и мора да се осигураме дека ќе бидат задоволени сите услови потребни за одржување на трка од Гран При серијата – напомена Вест.
Стартот на трката е во 12 часот , во комплексот Св Наум додека целта ќе биде на градското пристаниште. Првите пливачи на целта се очекува да пристигнат после 17 часот.
Давид Матески се врати во редовите на ГФК Охрид на кој денеска му се придружи младиот Давор Росиќ 19-годишниот младински репрезентативец Матески доаѓа од екипата на Силекс како позајмен играч Тој и...
Почна онлајн продажбата на билети за натпреварот на Градскиот ракометен клуб Охрид од 1/8 финалето на ЕХФ Европскиот Куп со Дукла Прага од Чешка Првиот натпревар се игра во салата „Билјанини Извори...
Во првото коло од плеј-оф фазата тимот на ГКК Охрид ќе се соочи со екипата на КК Соколи – Штип, во меч кој носи огромно значење во борбата за место во елитата Секој поен, секоја одбрана и секоја се...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.