Best Places You’ve Never Heard Of), во рамки на категоријата “Travel”, на веб-пребарувачот Bing.
Имено кога ќе го отворите на линкот http://www.bing.com/travel/content/search?q=Best Places You’ve Never Heard Of се покажува листа од единаесет фотографии, а под секоја од нив стои текст кој ја опишува истата.
Фотографијата од Охрид, на која се прикажува дел од стариот град, езерото и два галеба во лет, се наоѓа на третата позиција во распоредот на сликите. Помеѓу останатите десет позиции како “Најубави места во светот за кои не сте слушнале” се распоредени и фотографии од Лато Толос Лос Сантос од Чиле, Бин од Швајцарија, Плаза Коралија од Колумбија, Тремолат од Франција, Варкала од Индија, Хавелок од Нов Зеланд и други.
Автор на текстот кoј стои под фотографијата на Охрид е Алекс Робертсон Техтор. Тој го опишува Охрид како град на прекрасното Охридско Езеро и најпопуларната туристичка дестинација во Македонија, која што крие културни знаменитости кои се неоткриени или непознати за голем дел од Американските туристи. Тој објаснува дека за време на летото, Охрид го посетуваат голем број туристи од Европа и дека тогаш изобилува со прекрасна забава и добра атмосфера.