Охридскиот прволигаш претпре убедлив пораз од 3-0 на пријателската средба од албанскиот суперлигаш Билиш одиграна во Струга. Мрежата на охриѓани се тресеше на два пати во првиот, а еднаш во вториот дел.


Поради настапите на репрезентацијата во квалификациите за ЕП 2012 и мечот со Русија во петок има пауза во македонскиот шампионат. Наредниот првенствен меч Охрид го игра против Шкендија во Тетово.

М.П.